Николоски: Димитров и Заев се одговорни за фијаското со европските интеграции

222

Во Собранието денеска почна расправата по интерпелацијата за работата на вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, образложувајќи ги причините за интерпелацијата истакна дека очекува таа да биде прифатена поради, како што рече, тоталното фијаско со европските интеграции на државата што е целосно спротивно на ветувањата на владејачкото мнозинство.






– Ова владејачко мнозинство како ветување број 1 имаше почеток на преговори  за членство во ЕУ. Тоа што на почетокот на февруари 2021 дебатираме тука во Собранието во услови кога Македонија воопшто  не почнала преговори за членство и крајно е неизвесно не само кога и дали воопшто ќе ги почне е најголемо фијаско што можеше да и се случи на оваа Влада – рече Николовски, дополнувајќи дека за ваквата состојба најодговорни се Димитров и претседателот на Владата.

Поврзани содржини
na