ГО УДИРАЛА ОД АСФАЛТ ТРИМЕСЕЧНОТО БЕБЕ Минувачи ѝ го одзеле детето и викнале полиција
Тетовската полиција ја уапси В.М.(42) од Прилеп, со престој во Тетово, затоа што е пријавена дека го малтретирала и го удирала од асфалт своето бебе, соопшти МВР.
Тетовската полиција ја уапси В.М.(42) од Прилеп затоа што го удирала од асфалт своето тримесечно бебе. Случајни минувачи ја виделе и ѝ го одзеле бебето, па викнале полиција.
„На 14.6.2026 година во 17:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода В.М.(42) од Прилеп, со престој во Тетово, а во 18:30 часот во село Сараќино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода Б.С.(37) од истото село. Претходно, во 16 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 15:30 часот В.М. била забележана како физички го малтретира и го удира во асфалт своето тримесечно бебе. Лицата што го забележале тоа, ѝ го одземале детето и го пријавиле случајот“, соопшти полицијата.
За настанот е известен социјален работник и инспектор за малолетници, се додава во соопштението.
„Двете лица се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава“, соопшти полицијата.