🎥 ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ СЕ ПОЈАВИ НА КОНЦЕРТОТ НА ДЕЈВИД ГЕТА Џеј Ло и славниот диџеј го изведоа нивниот заеднички хит во Париз

Пред речиси 80.000 посетители, Лопез се појави на сцената за време на првиот концерт од серијата Ultimate Monolith Show, воодушевувајќи ја публиката. Таа заедно со Гета го изведе нивниот заеднички хит „Save Me Tonight“.

142

Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез беше специјална гостинка на спектакуларниот концерт на францускиот диџеј и музички продуцент Дејвид Гета, кој се одржа на стадионот „Стад де Франс“ во Париз.

Пред речиси 80.000 посетители, Лопез неочекувано се појави на сцената за време на првиот концерт од серијата Ultimate Monolith Show, воодушевувајќи ја публиката. Таа заедно со Гета го изведе нивниот заеднички хит „Save Me Tonight“.






По изведбата на дуетот, латино дивата го отпеа и својот голем хит „On The Floor“. Настапот беше збогатен со впечатлива сценографија, моќни ласерски ефекти и огномет, а видеа и фотографии од концертот во краток рок се проширија на социјалните мрежи. Меѓу специјалните гости на вечерта се појави и Акон, кој на публиката ѝ подари неколку од своите најголеми хитови.

Со концертот во Париз, Дејвид Гета одбележа 25 години успешна музичка кариера. Трите настапи на стадионот „Стад де Франс“ беа распродадени неколку месеци однапред.

Џенифер Лопез и Гета годинава првпат соработуваа на песната „Save Me Tonight“. Со истата нумера се претставија и на фестивалот „Коачела“. Настапот во Париз, според бројни обожаватели, беше еден од највпечатливите и најнезаборавните моменти на вечерта.

Поврзани содржини