📽️ ГО ДАДЕ ГОЛОТ НА СВОЈОТ ЖИВОТ, НО НЕ СЕ РАДУВАШЕ Причината трогна милиони љубители на фудбалот
Јасин Ајари постигна 2 гола во победата на Шведска над Тунис од 5:1, но одби еуфорично да слави. Причината е неговото потекло и врската со земјата на неговиот татко.
Шведска со убедлива победа од 5:1 над Тунис го отвори настапот на Светското првенство, но вниманието не го привлече само резултатот.
Во центарот на вниманието се најде Јасин Ајари, кој го постигна првиот гол за Швеѓаните. Играчот од средниот ред испрати прецизен удар од повеќе од 20 метри и ја затресе мрежата на Тунис.
Наместо големо славје, тој само ги крена рацете и остана воздржан додека соиграчите му честитаа.
Причината е неговата семејна приказна. Таткото на Ајари е по потекло од Тунис, а во минатото постоеле шпекулации дека фудбалерот би можел да настапува токму за африканската селекција.
Сепак, тој ја избра Шведска, земјата во која е роден и израснал.
Ајари подоцна постигна уште еден гол и ги постави конечните 5:1, но и тогаш остана далеку помирен од повеќето фудбалери во таква ситуација.
Неговиот потег предизвика бројни позитивни реакции меѓу навивачите, кои го оценија како знак на почит кон земјата на неговите корени.