🎥 НЕМИРИ ВО КИЕВ ПО ГЛАСИНИ ЗА ИЗМАЧУВАЊЕ ВОЈНИЦИ Началникот на штабот на Зеленски: Што се случува, по ѓаволите?
Според Националната гарда, некои од војниците што биле во зградата неодамна биле мобилизирани, додека останатите се притворени откако произволно ја напуштиле својата воена единица и чекале да бидат распоредени во други единици. Четири војници биле повредени и испратени во болница на лекарски преглед.
Во населеното место Петропавливска Боршахивка, на периферијата на Киев, синоќа избувнаа судири со полицијата откако цивили се собраа пред зграда во која се сместени припадници на Националната гарда.
Во официјалното соопштение од Првиот корпус на Националната гарда „Азов“ се наведува дека се прошириле „непроверени информации“ дека припадници на војската биле нелегално притворени и мачени во привремен сместувачки објект.
Според Националната гарда, некои од војниците што биле во зградата неодамна биле мобилизирани, додека останатите се притворени откако произволно ја напуштиле својата воена единица и чекале да бидат распоредени во други единици. Четири војници биле повредени и испратени во болница на лекарски преглед.
„Командата на Националната гарда, во соработка со полицијата и со другите надлежни служби, ја презеде контролата врз истрагата за овој случај. Доколку се докаже дека на територијата на воениот објект се случиле какви било нелегални насилни дејствија, одговорните ќе бидат соодветно казнети“, објави Првиот корпус на Националната гарда.
Украинската Национална гарда објави дека подоцна ќе ги објави детали за повредите и здравствената состојба на војниците и повтори дека никој не е убиен.
Полиција потврди дека интервенирала на местото на настанот и ги отфрли тврдењата дека луѓето биле нелегално приведени или дека некој го загубил животот. Според полициското соопштение, полицајците биле испратени на локацијата по повик од вработен во приватна амбуланта кој пријавил дека му е забранет пристап до маж во зградата.
😨 Protesters near Kyiv have started throwing eggs and lighting flares as tensions escalate
A protest is ongoing in Petropavlivska Borshchahivka outside a house used by Ukraine’s National Guard to temporarily accommodate mobilized servicemen.
The crowd is demanding answers following reports of alleged mistreatment of military personnel.
— NEXTA (@nexta_tv) November 2, 2026
По пристигнувањето на местото на настанот, полицајците пронашле членови на Националната гарда и собрани мештани пред куќа.
Според извештајот на Киев индепендент, голема група луѓе се собрала пред зградата за да протестираат против наводното нелегално притворање на неколку десетици мажи.
Демонстрантите почнале да фрлаат јајца кон полицајците и членовите на Националната гарда, а потоа пробиле ѕид во обид да влезат во објектот. Властите одговориле со солзавец и со предупредувачки истрели во воздух. На местото на настанот биле испратени и засилувања на Националната гарда. Пристигнал и автобус кој се обидел да транспортира околу 15 лица приведени во зградата.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа напнатата ситуација. Демонстрантите бараа пристап до зградата, тврдејќи дека луѓето внатре се нелегално приведени и повредени. Неколку канали на Телеграм објавија дека вооружени мажи држат околу 40 лица како заложници во подрумот на зградата. Исто така, имаше непотврдени извештаи дека едно лице е убиено.
Украинскиот министер за внатрешни работи Иван Вихивски изјави дека на членовите на семејствата на приведените војници им е дозволено да комуницираат со нив и дека медицинските работници и претставниците на јавноста се поканети на местото на настанот.
Олха Решетилова, украинскиот воен омбудсман, истакна дека на местото на настанот се води истрага и дека сите околности на инцидентот ќе бидат разјаснети.
– Ние сме на местото на настанот во Петропавливска Боршчахивка заедно со командата на Националната гарда на Украина. Целиот воен персонал е безбеден и добива медицинска помош – рече Решетилова.
Синоќа, околу 22 часот по локално време, на местото на настанот пристигна и Кирил Буданов, раководител на Кабинетот на украинскиот претседател Володомир Зеленски.
– Дојдов тука за да разберам што по ѓаволите се случува – рече Буданов.
Тој рече дека во зградата имало 14 воени лица и дека обидите за транспорт на повредените војници биле попречени од блокадата што ја поставиле демонстрантите.
– Ова едноставно не треба да се случува и не е во ред – изјави Буданов за телевизијата Канал 24.