АВИОН ЗА МОСКВА СЕ СВРТЕ И СЕ ВРАТИ ВО БЕЛГРАД Причината за ненадејната промена не е позната
Авионот на „Ер Србија“ летал повеќе од три часа пред да биде донесена одлука за враќање. Необичниот лет предизвика големо внимание на платформата „Флајтрадар24“.
Авион на српската авиокомпанија „Ер Србија“, кој вечерва полетал од Белград кон Москва, ненадејно ја променил рутата над јужниот дел на Литванија и се вратил во Србија, објави српски „Мондо“.
Летот JU134 полетал од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ во 18:48 часот, а по промената на курсот слетал на истиот аеродром точно во 22 часот.
Причината за враќањето засега не е позната.
Необичниот маневар предизвикал големо внимание на специјализираната платформа „Флајтрадар24“, каде што авионот бил најследениот лет во текот на денот.