Полициски службеници од БЈБ при МВР на наплатна рампа Сопот, велешко, денеска при преглед на патничко возило „поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.А. од Гевгелија и сопатник М.Ж. од Хрватска, биле пронајдени две торби во кои имало вкупно 40 пакувања со растителна материја.
Известен е јавен обвинител од ОЈО Велес и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ, информира МВР.