ОТИШЛЕ НА „ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР“ СО КОКАИН КАЈ СЕБЕ Уапсени двајца кавадарчани

Полицијата кај двајцата пронашла бела прашкаста материја, а кај едниот и пари и телефон; измерено е и присуство на алкохол во крвта.

0

Две лица од Кавадарци биле приведени синоќа за време на одржувањето на „Тиквешки гроздобер“, откако полицијата кај нив пронашла бела прашкаста материја, а кај едниот и пари и телефон.

Станува збор за Г.П. (42) и В.Ќ. (42), кои биле лишени од слобода околу 20:50 часот.






Полицајци од СВР Велес и ОВР Кавадарци извршиле преглед на двајцата. Кај Г.П. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Кај В.Ќ., покрај бела прашкаста материја, биле пронајдени и пари и мобилен телефон.

Полицијата утврдила и дека двајцата биле под дејство на алкохол. Кај Г.П. биле измерени 0,53 промили, додека кај В.Ќ. биле измерени 0,44 промили алкохол во крвта.

Двајцата биле пренесени во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини