85 СТЕБЛА МАРИХУАНА ПРОНАЈДЕНИ ВО ДОМ ВО ПРИЛЕП Полицијата приведе 47-годишник

Претресот бил извршен со судска наредба, а полицијата пронашла и семки од канабис, две дигитални ваги и повеќе пакувања со марихуана.

0

Полицијата пронашла 85 стебла марихуана при претрес во дом на 47-годишен прилепчанец. Покрај стеблата, биле откриени и повеќе пакувања со марихуана, семки од канабис и две дигитални ваги.

Претресот бил извршен со наредба од Основниот суд во Прилеп. Полицијата го привела И.Ѓ. и го задржала во полициска станица.






По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Поврзани содржини