НЀ ОЧЕКУВААТ СТУДЕНИ И ВЕТРОВИТИ ДЕНОВИ Наутро живата ќе паѓа до – 8 степени
Утринските температури ќе се движат од - 6 до 2 Целзиусови степени, а максималните дневни од 3 до 12 степени. Најстудено ќе биде во Маврово, а најтопло во Гевгелија и Дојран. Уште постудено време не очекува во среда.
Утре (вторник) во земјава нè очекува сончево и постудено време со мала до умерена локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе биде засилен, особено долж Повардарието.
Утринските температури ќе се движат од – 6 до 2 Целзиусови степени, а максималните дневни од 3 до 12 степени. Најстудено ќе биде во Маврово, а најтопло во Гевгелија и Дојран.
Во Скопје времето ќе биде сончево и постудено, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец.
Уште постудено време не очекува во среда, кога утринските температури ќе паднат до – 8, а дневните нема да пораснат над 12 степени.
И во следните 3 дена утрата ќе бидат ведри и студени, а преку денот ќе биде променливо облачно. Во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.