МУ НЕМАЛО СПАС НА БРАКОТ Еве кој е иницијаторот за разводот на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер

Приказните за раскинувањето на познатата српска тенисерка и германскиот спортист повеќе од една недела ги полнат медиумските колумни и во Германија и на Балканот, но и во целиот свет.

493

Бастијан Швајнштајгер побарал развод од Ана Ивановиќ. Поранешниот германски фудбалски репрезентативец инсистирал да стави крај на нивниот десетгодишен брак.

Приказните за раскинувањето на познатата српска тенисерка и германскиот спортист повеќе од една недела ги полнат медиумските колумни и во Германија и на Балканот, но и во целиот свет.






Според последните информации, познатиот фудбалски ас е тој што го направил првиот потег и решил да стави точка на бракот по десет години. Ниту еден од нив не се огласил јавно на социјалните мрежи или преку својот ПР тим, но со детали се запознаени и членовите на семејството и нивните најблиски пријатели.

Вистина е она што се зборува, дека Ана на секој начин се трудела да го спаси бракот. Токму Бастијан ѝ предложил дека е најдобро тие двајца да се разделат мирно и пријателски. На тенисерката и беше тешко, но таа прифати и се помири со фактот дека љубовта е згасната. Бастијан предложил комплетната постапка да се уреди со нивните адвокати и постапката е во тек – тврди близок пријател на семејството Ивановиќ од Белград.

Во целата приказна е вклучена и Естер Седлачек, фудбалска водителка и најблиска соработничка на Швајнштајнер, која го чека своето трето дете. Медиумите и социјалните мрежи не престануваат да брмчат за тоа дека таа е всушност причината за разводот на Ана и Бастијан. Исто така, корисниците на Инстаграм ја напаѓаат во коментарите под фотографијата со трудничкиот стомак.

Швајни и Естер со години им привлекуваа око на многу луѓе, бидејќи се многу интимни дури и во јавноста, а сомнежите сега се подгреваат сред приказните за разводот на Ана и Швајни и бременоста на едно од најпознатите фаци на телевизијата АРД.

Заедничките објави, коментарите на социјалните мрежи и се почестите заеднички појавувања во јавноста со месеци предизвикуваат сомнеж за природата на нивната врска. Имаше интригантни изјави од двете страни, а Бастијан дури и упати покана заедно да ги поминат празниците. Водителката очигледно го поминала викендот со познатиот фудбалер, а многу медиуми тврдат дека Ана била свесна за тоа, но и дека очајно се борела да го спаси бракот.

Поврзани содржини