МУ ИЗВАДИЛ НОЖ НА ВРАБОТЕН НА ПАТАРИНА Уапсен е Тетовец бидејќи се заканувал со ладно оружје
Сторителот е задржан во полициска станица известен е јавен обвинител и против него ќе следува соодветен поднесок, соопшти СВР Тетово.
Тетовец со нож му се заканувал на вработен во Наплатна станица Тетово, но бил спречен од друго лице, а потоа бил уапсен.
„Вчера во 14.30 часот, на улица Прохор Пчински во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 30-годишниот К.В. од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од вработен во Наплатна станица Тетово дека околу 12.15 часот, на работното место, му се заканувал со остар предмет, но бил спречен од друго лице“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и против него ќе следува соодветен поднесок, соопшти СВР Тетово.