МИЛИОНСКИ БОНУСИ ЗА ОБВИНИТЕЛИТЕ ОД СЈО Нема епилог дали некој ќе понесе кривична одговорност за „лудите“ хонорари
Ги наполнија џебовите со над 4 ипол милиони евра од државната каса, а никој не даде отчет за сработеното, ниту ги оправдаа фрапантните бонуси. Катица Јанева и нејзините чарлиеви ангели земаа милионски надоместоци за доверливост, објави ТВ Алфа.
Шефицата Јанева неколку години земаше плата и 4000 евра месечно само за да молчи за прислушкувањата. Околу 100 илјади евра се офајдија и Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска. Бурим Рустеми инкасирал нешто над 90.000 евра, дознава Алфа.
Слични бонуси добиле и обвинителите Трајче Пеливанов и Гаврил Бубевски, од 85 илјади евра.
Овие суми предизвикаа гнев кај народот. Мисијата на Катица и нејзините обвинители е завршена, но се уште нема епилог дали некој ќе понесе кривична одговорност за поделените милионски хонорари.
После неколку години топката почна да се одмотува.
Имено, вишиот обвинител Јово Цветановски кој одлучи Организиран криминал да продолжи да истражува, заработи дисциплинска постапка, а му се заканува уште една. Симптоматично, истиот ден кога ја донесе одлуката, државниот обвинител Коцевски го прати на дисциплинска поради резултатите од ревизијата во Вишото обвинителство. Цветановски, тврди дека дисциплинската е незаконска.
Во јавноста подолго време отворено се зборува дека државниот обвинител вршел притисоци за одлуката за бонусите на СЈО.