ЈАКУП ХУСЕИНИ Е КАНДИДАТ НА ВЛЕН НА ИЗБОРИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА БРВЕНИЦА Кандидат што ги познава локалните проблеми

Од ВЛЕН посочуваат дека со оваа кандидатура нудат кандидат со правна подготовка, професионално искуство и со непосредно познавање на Општина Брвеница.

0

ВЛЕН ја официјализираше кандидатурата на Јакуп Хусеини за градоначалник на Општина Брвеница на вонредните избори за градоначалник на оваа општина.

Собранискиот претседател Африм Гаши ги распиша зборите за градоначалник на Брвеница за 18 октомври.






На 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст ненадејно почина градоначалникот на оваа општина, Ивица Илиевски.

Од ВЛЕН посочуваат дека со оваа кандидатура нудат кандидат со правна подготовка, професионално искуство и со непосредно познавање на Општина Брвеница.

„Денеска ја објавуваме кандидатурата на Јакуп Хусеини за градоначалник на Општина Брвеница. Јакуп Хусеини е магистер по правни науки и моментално работи како државен службеник во Општина Брвеница. Неговото професионално искуство и непосредната работа со жителите му овозможија одблиску да ги запознае потребите, проблемите и предизвиците со кои се соочува општината“, соопшти ВЛЕН.

Од партијата посочуваат дека Хусеини во текот на целиот свој професионален ангажман бил во служба на жителите и посветен на своите институционални одговорности.

„Нашата предност е јасна: не губиме време со приспособување. Јакуп Хусеини ја познава општината, администрацијата, процедурите и потребите на жителите. Затоа, уште од првиот ден може да биде во нивна служба и да започне со работа и со конкретни одговорности“, се додава во соопштението.

Демократската унија за интеграција на изборите за градоначалник на Општина Брвеница ќе настапи со кандидатот Аркин Јахији.

Поврзани содржини