СТОЈАНЧО РАДИЧЕВСКИ Е КАНДИДАТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА БРВЕНИЦА Партијата е уверена во убедлива победа
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ едногласно го избра Радичевски, кој е претседател на Општинскиот комитет на партијата во Брвеница.
Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница ќе биде Стојанчо Радичевски, соопшти партијата.
„На редовна седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ едногласно беше изгласан кандидатот Стојано Радичевски за градоначалник на општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори во општината. Тој е актуелен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Стојанчо Радичевски дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први” и е магистер по граѓанско право.
„Очекуваме обединување на сите прогресивни сили и поддршка за предлогот кој претставува чесно и искрено решение за напредокот и иднината на општина Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ оди на убедлива победа за подобра Брвеница“, соопшти партијата.
Собранискиот претседател Африм Гаши ги распиша зборите за градоначалник на Брвеница за 18 октомври.
На 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст ненадејно почина градоначалникот на оваа општина, Ивица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ.