ФИЛИПЧЕ ДЕНЕС ЛАЖЕ ЗА СВОЈОТ АВТОМОБИЛ, УТРЕ ЌЕ ЛАЖЕ ЗА МНОГУ ПОСЕРИОЗНИ РАБОТИ Дури и во СДСМ веќе не му веруваат

Тој е истиот оној кој свесно создаваше хистерија и паника за водата во Гостивар и во Скопје, лажеше дека секој момент ќе банкротираме, лажеше дека тој ќе изгради Клинички центар, лажеше дека ќе го добиеме датумот за ЕУ и што ли уште не излажа, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

2

Патолошкиот лажго Венко Филипче денес лаже за свој автомобил, утре ќе ги лаже граѓаните за посериозни дејанија, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

– Филипче излажа дека поседува автомобил од 6.000 евра или директно призна дека поседува уште едно моторно возило, но не му е пријавено во анкетниот лист. За овој потег, очекуваме истрага на надлежните институции – рече Манасиевски.






Венко Филипче е патолошки лажго и лаже дури и за најмали ситници, додаде Манасиевски.

– Ги лаже граѓаните денес во опозиција, исто како што ги лажеше додека беше на власт. Филипче е човек на кој не може да му се верува. Тој е истиот оној кој свесно создаваше хистерија и паника за водата во Гостивар и во Скопје, лажеше дека секој момент ќе банкротираме, лажеше дека тој ќе изгради Клинички центар, лажеше дека ќе го добиеме датумот за ЕУ и се сликаше со него, и што ли уште не излажа – рече тој.

Филипче работи врз база на тоа дека ако повтори една лага сто пати, таа магично ќе стане вистина, додаде Манасиевски.

– Затоа и дури и во своите редови не му веруваат. Но, не му веруваат ниту граѓаните – порала портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини