ДО ВЧЕРА НА РАБ НА ОПШТА ВОЈНА, ИРАН И ЗЕМЈИТЕ ОД ПЕРСИСКИОТ ЗАЛИВ ЌЕ СЕДНАТ НА ПРЕГОВОРИ Главна тема е контролата на Ормускиот Теснец

Се очекува на разговорите да присуствуваат министрите за надворешни работи на Иран, Ирак, Оман, Кувајт, Бахреин, Катар, Обединетите Арапски Емирати и на Саудиска Арабија.

7

Иран и земјите од Персискиот Залив в понеделник ќе разговараат за спорот што настана со пловидбата во Ормускиот Теснец, соопшти иранското Министерство за надворешни работи.

Домаќин на средбата ќе биде Оман.






Се очекува на разговорите да присуствуваат министрите за надворешни работи на Иран, Ирак, Оман, Кувајт, Бахреин, Катар, Обединетите Арапски Емирати и на Саудиска Арабија.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи и неговиот омански колега Бадр ал-Бусаиди ќе ги информираат владините претставници за состојбата со преговорите.

Двете земји со недели преговараат за механизам за регулирање на бродскиот сообраќај низ протокот, кој е клучен поморски пат за глобалната трговија со нафта, гас и ѓубрива. За иранското раководство, Ормускиот Теснецстана важно средство за притисок во војната со Соединетите Американски Држави.

На почетокот американско-израелските напади врз Иран на 28 февруари, Техеран во голема мера го блокираше сообраќајот низ протокот со напади врз бродовите.

Пред војната, протокот беше отворен за пловидба. Американската морнарица, од своја страна, воведе поморска блокада за иранските пристаништа.

Иран бара отстапки од американската влада како што беше договорено со рамковниот договор во јуни.

Американскиот претседател Доналд Трамп во меѓувреме се обидува да изврши притисок врз Иран преку „економска војна“.

За време на активните бомбардирања од март до јуни од страна на Израел и Сад врз Иран, иранската војска активно ги ракетираше американските воени бази во земјите во Заливот, а кризата се закануваше да прерасне во општа војна на Блискиот Исток. Претставниците на земјите во конфликт в понеделник седнуваат на заеднилчка маса.

Поврзани содржини