МАКЕДОНСКА ДРЖАВЈАНКА СЕ УДАВИ НА ХАЛКИДИКИ Била на 75-годишна возраст

Со возило на брза помош жената била пренесена во здравствен центар, каде што била констатирана смрт, јави дописничката на МИА од Атина.

50

Безживотното тело на 75-годишна македонска државјанка било извлечено од морскиот дел во Неа Каликратија на Халкидики, со возило на брза помош жената била пренесена во здравствен центар, каде што била констатирана смрт, јави МИА.

Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека во попладневните часови вчера, крајбрежната управа на Неа Муданија била информирана дека „75-годишна странска државјанка (државјанка на Република Северна Македонија) била извлечена без знаци на живот од морската област „Неа Каликратија“ во општина Неа Пропонтида, Халкидики“.






– Со амбулантно возило на брзата помош 75-годишната беше пренесена во Здравствениот центар во Неа Муданија, каде што беше констатирана смртта, информираа од грчката крајбрежна служба.

Надлежната управа, која ја спроведува предистражната постапка, наредила да се изврши обдукција во Институтот за судска медицина во Солун. 

Поврзани содржини