КАЛИФОРНИЈА СТАНА ЧЕТВРТА НАЈСИЛНА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ Но, нејзината економска моќ е загрозена од царините на Трамп

САД, според податоците на ММФ и Бирото за економски анализи на САД, има БДП од 29,18 трилиони долари, Кина (18,74), а Германија 4,65 трилиони долари.

615

Американската федерална држава Калифорнија ја престигна Јапонија и стана четврта најголема економија во светот, покажуваат податоците на Меѓународниот монетарен фонд и  Бирото за економски анализи на САД.

Пред неа се САД со  29,18 трилиони долари, Кина (18,74) и  Германија со БДП од 4,65 трилиони долари, но Калифорнија ги престигна и овие три земји во однос на минатогодишниот раст, кој изнесуваше 6%.






Номиналниот БДП на „златната држава“ достигна 4,10 трилион долари во 2024 година, надминувајќи ја Јапонија на Калифорнија, која има номинален БДП од 4,02 трилиони долари.

-Калифорнија не само што е во чекор со светот, туку ние го поставуваме темпото. Нашата економија напредува затоа што инвестираме во луѓе, даваме приоритет на одржливоста и веруваме во моќта на иновациите – изјави гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом.

Тој предупреди дека економската моќ на државата е загрозена од „неодговорните царински политики на сегашната федерална администрација“.

-Економијата на Калифорнија ја движи нацијата и мора да биде заштитена -рече Њусом.

Калифорнија остварила трговија во вредност од речиси 675 милијарди долари во 2024 година, а Мексико, Канада и Кина се меѓу нејзините три главни трговски партнери, според податоците од државата. Повеќе од 40% од увозот на Калифорнија доаѓа од тие земји, што претставува 203 милијарди долари од увозот од над 491 милијарда долари минатата година.

Минатата недела, гувернерот Њусом го тужеше претседателот Доналд Трамп за користење на вонредни овластувања за еднострано воведување на сеопфатни глобални тарифи, за кои гувернерот тврди дека им наштетиле на семејствата и бизнисите во Калифорнија.

Со 40 милиони жители, Калифорнија е најнаселената американска федерална држава, која држи 14% од националниот БДП, и е првенствено водена од Силиконската долина и нејзините технолошки гиганти, како и секторите за недвижности и финансии.

 

Поврзани содржини