ЌЕ СЕ ГРАДИ ПОДМОРСКИ КОРИДОР ЗА СТУРЈА ВО ЦРНОТО МОРЕ Енергетската врска ќе ги поврзе Азербејџан, Грузија Турција и Бугарија
Плановите вклучуваат поставување енергетски кабел што ќе се протега од Азербејџан преку Грузија и Турција до Бугарија, како и посебна врска помеѓу азербејџанскиот Нахчиван и Турција.
Азербејџан планира нова енергетска врска што ќе ги поврзе Азербејџан, Грузија, Турција и Бугарија за да помогне во преносот на зелена електрична енергија на европските пазари, изјави азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов за време на состанокот со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.
Плановите вклучуваат поставување енергетски кабел што ќе се протега од Азербејџан преку Грузија и Турција до Бугарија, како и посебна врска помеѓу азербејџанскиот Нахчиван и Турција.
Бајрамов изјави дека овие проекти би можеле да создадат значајни можности за пренос на алтернативна енергија не само на пазарите на Азербејџан и Турција, туку и на Европа.
Бајрамов ги опиша иницијативите што се развиваат со Турција како долгорочни и перспективни. Тој истакна дека клучниот фокус е на проширувањето на капацитетите за обновливи извори на енергија и преносот на зелена енергија произведена во Азербејџан на европските пазари преку Црното Море.