ТУРЦИЈА ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ ЗАРАБОТИ 26 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ОД ТУРИЗМОТ Најмногу туристи дошле од Русија
Просечната должина на престојот на туристите во Турција се зголемила за 0,5% и сега изнесува 10,01 ноќевања, додека просечната потрошувачка по ноќ се зголемила за 2,6%, на 109 американски долари.
Во првите шест месеци од оваа година, Турција остварила 25,7 милијарди долари приходи од туризам, што е речиси на ниво од истиот период минатата година, и покрај малото намалување на бројот на странски посетители поради регионалните геополитички тензии, изјави денес турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој.
Ерсој изјави дека 25,7 милиони туристи ја посетиле Турција од јануари до јуни, што е за 2,4% помалку во однос на истиот период минатата година.
– Регионалните тензии на Блискиот Исток и глобалните неизвесности влијаеја врз побарувачката за туризам во првата половина од 2026 година. Иако Турција не беше вклучена во конфликтот, а сите наши аеродроми и авиокомпании продолжија да работат без прекин, затворањето на воздушниот простор на Блискиот Исток доведе до мал пад на побарувачката – изјави Ерсој.
Просечната должина на престојот на туристите во Турција се зголемила за 0,5% и сега изнесува 10,01 ноќевања, додека просечната потрошувачка по ноќ се зголемила за 2,6%, на 109 американски долари.
Најмногу посетители дошле од Русија – 2,65 милиони, Германија – 2,44 милиони и Обединетото Кралство – 1,58 милиони.