ВО ПОТРАГА ПО РАБОТНИЦИ ГЕРМАНИЈА ПОЧНА ДА ГИ ПРИЗНАВА СТРАНСКИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ Турските се на прво место, а од регионот српските квалификации се најбројни

Минатата година, според официјалната статистика, германските власти одобриле 86.600 барања за признавање на странски квалификации. Тоа е 10% повеќе од претходната година, односно 21 и 25% повеќе отколку во 2024 и 2023 година.

1,991

Германија се обидува да ја ублажи кризата поради недостатокот на квалификувана работна сила со увоз на работници, а за да ги отвори вратите уште повеќе за доаѓањето на имигранти на работа, признава се повеќе странски квалификации, јави ДПА.

Минатата година, според официјалната статистика, германските власти одобриле 86.600 барања за признавање на странски квалификации. Тоа е 10% повеќе од претходната година, односно 21 и 25% повеќе отколку во 2024 и 2023 година.






Лани, како и во претходните години, беа признати најмногу квалификации од Турција, 9.800, или 11%. Следува Украина, со околу 8.300, и значителен број дипломи од Сирија, 6.100, Индија и Тунис, по 5.400. Бројот на признати сириски квалификации порасна особено силно, со стапка од 42%.

Спротивно на тоа, Германија призна значително помалку квалификации од Босна и Херцеговина, која се рангираше на прво или второ место помеѓу 2016 и 2023 година.

Властите лани признаа најмногу квалификации за медицински сестри ( 32.000), по што следуваат медицински квалификации (13.900) и инженерски квалификации (4.600).

Поврзани содржини