НОВ ПАД НА ЦЕНАТА НА ГОРИВАТА Дизелот поевтинува за три и пол денари, а бензините за два денара
Според РКЕ, цените на горивата се намалуваат во просек за 2,28%.
Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека ги намалила цените на горивата во просек за 2,28%.
Цените на бензините се намалуваат за 2 денари за литар, цената на дизелот се намалува за 3,50 денари по литар, додека, пак, цената на екстра лесното масло за домаќинства се намалува за 2,50 денари
Според одлуката од полноќ ќе важат овие цени на горивата:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 88,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 48,110 (денари/килограм)