🎥 ВУДИ ХАРЕЛСОН ЗАПЕА ХИТ ОД МИШО КОВАЧ Холивудската ѕвезда во Сараево прими награда и се дружеше со регионалните ѕвезди

Холивудскиот актер се врати во Сараево 30 години по снимањето на „Добредојдовте во Сараево“, а престојот го одбележа со емотивен говор и опуштено дружење со актерите Горан Навојец и Горан Вишњиќ и водителот Јошко Локас

28

Вуди Харелсон деновиве е една од главните ѕвезди на 32. Сараево филмски фестивал, каде што му беше врачено Почесното Срце на Сараево за неговиот исклучителен придонес кон филмската уметност. Американскиот актер, познат по улогите во „Cheers“, „Natural Born Killers“, „The People vs. Larry Flynt“, „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“ и „True Detective“, се врати во Сараево три децении откако во градот го снимаше филмот „Добредојдовте во Сараево“ на Мајкл Винтерботом.

Но, престојот на Харелсон во Сараево не се одвива само во фестивалските сали. Актерот бил забележан во едно сараевско кафуле/ресторан во друштво на Горан Навојец, Горан Вишњиќ и водителот Јошко Локас, а друштвото во еден момент почнало да пее. Навојец ја запеал песната на Мишо Ковач, а на пеењето му се придружил и Харелсон, што веднаш било снимено и објавено на социјалните мрежи.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Senad Cavdar (@senadcavdar)

На фестивалот Харелсон одржа и мастер-клас, на кој разговараше за својата кариера, првите актерски чекори и улогите што го одбележале неговиот професионален пат. На прашањето за актерството, меѓу другото, рекол дека според него секој актер во одредена мера е шоумен и дека секогаш се обидува да изведе нешто со кое ќе го воодушеви оној што го гледа.

Особено емотивен бил моментот кога му било врачено Почесното Срце на Сараево, а потоа била прикажана и драмата „Добредојдовте во Сараево“ од 1997 година, во која Харелсон го игра американскиот новинар Џими Флин.

При примањето на наградата, Харелсон не го криеше своето воодушевување од Сараево и неговите жители. Тој порача дека Почесното Срце на Сараево му значи повеќе од кое било друго признание што го добил во кариерата, а најголемата благодарност ја упати токму до луѓето во градот. Зборуваше за нивната храброст, издржливост и љубов кон уметноста, нагласувајќи дека тие длабоко го допреле неговото срце.

 

Поврзани содржини