ДВОЈКА ОД СТРУГА ЖРТВА НА ЛАЖНИ ДОНАТОРИ Им ветувале пари за лекување, но им зеле 229.000 денари

Измамниците побарале од оштетените да им ги дадат кодовите за активирање на трансакциските сметки. Откако ги добиле кодовите, во наредните денови на нивните сметки почнале да пристигнуваат и исчезнуваат средства, а потоа на нивната сметка легнале пари од неколку финансиски друштва, иако сопружниците не поднеле никакво барање за кредит.

985

Двајца измамници, еден од Струга и друг од Скопје, преку лажни донации измамиле брачен пар од Струга и им нанеле материјална штета од 229.000 денари. СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.С. (33) од Струга и С.Ш. (43) од Скопје, поради основано сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „помагање при вршење на измама“.

Според истрагата, во периодот од 21 ноември до 17 декември 2024 година, осомничените стапиле во контакт со брачниот пар преку социјална мрежа, лажно претставувајќи се како добротвори кои сакаат да донираат средства за лекување на нивниот син во странство. За да можеле „да ги ослободат парите од даночни обврски“, измамниците барале од сопружниците да испраќаат одредени суми на пари, што тие и го направиле во неколку наврати, користејќи автопревозници во Скопје.






Потоа, измамниците побарале од оштетените да им ги дадат кодовите за активирање на трансакциските сметки. Откако ги добиле кодовите, во наредните денови на нивните сметки почнале да пристигнуваат и исчезнуваат средства, а потоа на нивната сметка легнале пари од неколку финансиски друштва, иако сопружниците не поднеле никакво барање за кредит.

По документирање на случајот, против осомничените е поднесена соодветна пријава, а истрагата продолжува.

Поврзани содржини