ДОДЕЛЕНА НАГРАДАТА „ГОЦЕВА МИСЛА“ Годинава ја понесоа Јон Деаконеску, Зоран Пејковски и Никола Шимиќ Тонин

Наградата која се доделува  во пресрет на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев е за севкупниот ангажман и придонес на планот на афирмацијата и презентацијата на македонската литература и култура во странство, а ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија Презент".

195

Добитници на годинашната меѓународна награда „Гоцева мисла” се  Јон Деаконеску од Романија, Зоран Пејковски од Македонија и Никола Шимиќ Тонин од Хрватска

Наградата која се доделува  во пресрет на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев е за севкупниот ангажман и придонес на планот на афирмацијата и презентацијата на македонската литература и култура во странство, а ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија Презент”.






Доделувањето на наградите е во рамките на традиционалната меѓународна манифестација „Фестивал на чајот и читањето”, која и годинава ќе започне на 4 февруари, а ќе заврши на 8 март.

Досегашни добитници на наградата „Гоцева мисла” се: Златко Крамариќ (Хрватска), Олга Панкина (Русија), Даниела Костадиновиќ (Србија), Тања Попова (Бугарија), Звонко Танески (Словачка), Волф Ошлис (Германија), Горан Калоѓера (Хрватска), Сабахудин Хаџиалиќ (Босна и Херцеговина), Лилјана Јанаќковиќ (Србија), Ресул Шабани (Македонија), Суат Енѓулу (Турција), Елка Наголова (Бугарија), Ристо Василевски (Србија), Кирил Темков (Македонија), Жан-Патрик Конрад (Франција), Зафир Хаџиманов (Србија), Вања Ангелова (Бугарија), Миле Топуз (Македонија), Васил Тоциновски (Македонија), Бајрузин Хајро Плањац (Босна и Херцеговина), Олга Лалиќ – Кровицка (Полска), Јордан Плевнеш (Македонија), Виктор Радун (Србија), Ана Багрјана (Украина), Ристо Лазаров (Македонија), Ненад Шапоња (Србија) и Родољуб Ќориќ (Црна Гора).

Поврзани содржини