МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР БЛЕСНА НА ФЕСТИВАЛ ВО БРАЗИЛ Прво место од публиката, трето од жирито
Од ансамблот истакнаа дека се особено горди на освоените награди и на можноста да ја претставуваат својата земја преку традиционалната музика и игра.
Македонскиот танцов ансамблот „Студио Фолклор“ освои две значајни признанија на меѓународниот натпревар во Сао Паоло, Бразил – прво место според гласовите на публиката од целиот свет, и трето место според гласањето на стручното жири.
Членовите на ансамблот синоќа пристигнаа на Меѓународниот аеродром во Скопје, каде беа пречекани со громогласни овации. Тие беа поздравени со гордост и радост по успешното претставување на македонскиот фолклоор пред меѓународна публика.
Од ансамблот истакнаа дека се особено горди на освоените награди и на можноста да ја претставуваат својата земја преку традиционалната музика и игра.
