БИЗНИСМЕН 10 ГОДИНИ КРИЕЛ ДАНОК ПРЕКУ 4 ФИРМИ Тетовец му нанел милионски штети на Буџетот

Пријавениот е сопственик и управител на неколку компании, меѓу кои „БИБАЈ ГРОУП“ ДООЕЛ, „БИБАЈ“ ДООЕЛ, „Про Тире“ ДООЕЛ и „РАЕН“ ДООЕЛ, сите со седиште во Тетово.

5,161

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против Б.Ф. од Тетово и четири компании под негово управување, поради сомневање за даночно затајување во износ од 16.085.644 денари или над 260.000 евра.

Според информациите, осомничениот, кој е сопственик и управител на неколку компании, во периодот од 2013 до 2023 година, наводно, вршел финансиски трансакции во кои префрлал средства на свое и други компании без соодветно пријавување. Дополнително, не ги враќал позајмиците и не ги отфрлал застарените побарувања, со што ја намалувал даночната основа и избегнувал плаќање на данок на добивка.






„Во текот на истрагата утврдивме сериозни неправилности во финансиското работење на пријавениот и компаниите под негово управување. Овие активности довеле до избегнување на обврските кон државниот буџет, што претставува кривично дело даночно затајување“, информираат од Управата за финансиска полиција.

Пријавениот е сопственик и управител на неколку компании, меѓу кои „БИБАЈ ГРОУП“ ДООЕЛ, „БИБАЈ“ ДООЕЛ, „Про Тире“ ДООЕЛ и „РАЕН“ ДООЕЛ, сите со седиште во Тетово.

Финансиската полиција продолжува со истрагата, а предметот ќе биде доставен до Јавното обвинителство.

Поврзани содржини