БЕЗБЕДНОСТА НА ПОЛСКОТО НЕБО НЕМА ЦЕНА Варшава и САД ќе потпишат договор за воена соработка

Договорот со САД се однесува на обезбедување логистичка поддршка за системот за противвозудшна одбрана „Патриот“ и вклучува компоненти за техничка поддршка, како и обука на персоналот.

233

Полска и САД ќе потпишат договор за испорака на логистичка поддршка за системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ во вредност од речиси 2 милијарди долари, изјави денеска полскиот министер за одбрана, Владислав Косињак-Камиш.

– Безбедноста на полското небо нема цена – рече Косињак-Камиш, додавајќи дека ракетната одбрана и соработката со САД се приоритети за Полска.






Договорот со САД се однесува на обезбедување логистичка поддршка за системот „Патриот“ и вклучува компоненти за техничка поддршка, како и обука на персоналот.

Поврзани содржини