НАПРАВИЛ СПИРАЛА И СЕ СРУШИЛ КАЈ МЕДУЛИН Најмалку четворица загинати во авионска несреќа
Од причини непознати за мене, пилотот, кој инаку е искусен и кој требало да слета на спортскиот аеродром Медулин, направил спирала и се урнал во земјата, изјави друг пилот кој го користи аеродормот за „Јутарњи лист“.
Најмалку четири лица загинаа, а по уште две се трага откако мал авион се урна во областа Кампанож кај Медулин на југот на полуостровот Истра во Хрватска. Според првичните информации, леталото при ударот во земјата се преполовило.
Несреќата крена на нозе повеќе служби во Хрватска.
Полицијата, пожарникарите и екипите на итната медицинска помош веднаш излегле на терен, додека потрагата по исчезнатите продолжува.
Авионот дошол од Германија
Според информациите што ги објавија хрватските медиуми, авионот полетал од Германија.
Засега нема официјална потврда за идентитетот на жртвите, но неофицијално станува збор за странски државјани.

Спирала пред кобниот пад?
Нијаз Делиќ, пилот кој го користи спортскиот аеродром во Медулин, изјави дека според информациите со кои располага, пилотот на леталото кое се урнало направил спирала пред падот.
– Од причини непознати за мене, пилотот, кој инаку е искусен и кој требало да слета на спортскиот аеродром Медулин, направил спирала и се урнал во земјата – изјави Делиќ за „Јутарњи лист“.
Истрагата допрва почнува
Несреќата се случила во ненаселена област на административната граница меѓу Пула и Медулин.
Причините за падот сè уште не се утврдени, а истрагата треба да покаже што довело до трагедијата.