НЕПРИЈАТНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА КАПАЧИТЕ ВО ЈАДРАНОТ Компас медузи ги преплавија плажите кај Истра
Капачите на западниот брег на Истра деновиве се соочуваат со голем број компас медузи, вид чии пипала можат да предизвикаат жежење, црвенило и оток на кожата.
Морето кај Истра е полно со медузи, а експертите ги предупредуваат луѓето кои се капат да бидат внимателни. Како што објавија хрватските медиуми, капачите на западниот брег на Истра во последните денови доживеаја непријатно изненадување.
Морето е полно со компас медузи, вид познат по своите пипала и клетки кои предизвикуваат жежење на кожата и можат да предизвикаат болни изгореници, црвенило и оток на кожата.
Според експертите, главна причина за големиот број медузи е невообичаено високата температура на морето.
Како што се наведува, се очекува нивниот број да се намали во следните две недели.