ЗГОЛЕМЕНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО БРВЕНИЦА ВО СПОРЕДБА СО ПРВИОТ КРУГ До 9 часот гласале 3,98 проценти од гласачите

Портпаролката на ДИК информираше дека гласањето започнало во 7 часот и дека сите избирачки места биле навремено отворени. Засега, како што посочи, изборниот процес се одвива во мирна атмосфера.

354

Излезноста во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 9 часот изнесува 3,98 проценти, односно своето право на глас го оствариле 646 граѓани, информираше денеска портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Радица Тодоровска-Алексовска.

Според првиот пресек на податоците пристигнати во ДИК, одзивот на гласачите е зголемен за 1,52 процентни поени во споредба со првиот круг од изборите, одржан на 18 октомври, кога до 9 часот гласале 400 граѓани, односно 2,46 проценти од запишаните избирачи.






Најголема излезност до 9 часот е регистрирана на избирачкото место 2037, каде што гласале 8,7 проценти од избирачите, додека најмала излезност има на избирачкото место 2048, со 1,25 проценти.

Портпаролката на ДИК информираше дека гласањето започнало во 7 часот и дека сите избирачки места биле навремено отворени. Засега, како што посочи, изборниот процес се одвива во мирна атмосфера.

На предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, граѓаните избираат меѓу двајца кандидати, а право на глас имаат вкупно 16.256 избирачи, кои гласаат на 24 избирачки места.

Од ДИК потсетуваат дека за граѓаните и во вториот круг е достапна бесплатната телефонска линија 0800 555 44, на која можат да добијат информации за прашања поврзани со остварувањето на избирачкото право.

За лицата со оштетен слух, пак, достапен е телефонскиот број 076 488 360, на кој преку видеоповик можат да добијат информации на знаковен јазик.

Од Комисијата најавија дека јавноста редовно ќе биде информирана за текот на гласањето и излезноста преку прес-конференции и соопштенија. Следната прес-конференција е најавена за 11:30 часот во Брвеница, во општинската зграда каде што е сместена и Општинската изборна комисија.

Поврзани содржини