ПУКАЛЕ ОД МОПЕД ВО ДВИЖЕЊЕ КОН „АУДИ“ КАЈ КУМАНОВО Полицијата трага по сторителите

Две лица се превезувале на мопед кога биле испукани неколку куршуми кон „ауди“ на локален пат во Кумановско. Повредени нема, а полицијата трага по сторителите.

231

Две лица на мопед во движење пукале кон автомобил на локален пат во Кумановско. Во инцидентот нема повредени, а полицијата трага по сторителите.

Пукањето било пријавено во СВР Куманово рано утрово, околу 2.45 часот. Според пријавата, инцидентот се случил 5 минути претходно.






Мопедот се движел на локалниот пат од населбата Карпош кон селото Никуљане во општина Старо Нагоричане.

„Од мопед во движење, на кој се превезувале две лица, биле испукани неколку куршуми од огнено оружје кон патничко возило ‘ауди’ со кумановски регистарски ознаки“, соопшти МВР.

Автомобилот го управувал 34-годишниот Д.Д. од Куманово. Повредени лица нема.

 

Поврзани содржини