ПРЕГАЗЕН ПЕШАК НА ПАТОТ ОГЊАНЦИ-ПЕТРОВЕЦ Со тешки повреди е префрлен в болница
„Рено“ со скопски таблички, управувано од 52-годишниот Б.П. од Скопје, удрило во пешакот М.Т.(28) од село Р’жаничино.
Во неделата вечерта околу 20:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на општинскиот пат од село Огњанци кон Петровец, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот Б.П. од Скопје, удрило во пешакот М.Т.(28) од село Р’жаничино.
Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје.