СО „ЈАГУАР“ УДРИЛ 8-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ВО ГОСТИВАР Прегазен пешак и во центарот на Тетово
Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Ургентниот центар во Гостивар, соопшти полицијата.
Автомобил удри 8-годишно девојче во Гостивар, соопшти полицијата.
„На 7.8.2026 година во 21:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на улицата Марко Симоновски во Гостивар, патничко моторно возило „јагуар“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.О.(31) од Гостивар, удрило во 8-годишно девојче од Гостивар. Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар во Гостивар“, соопшти полицијата.
Прегазен е пешак и во центарот на Тетово.
„На 7.8.2026 година во 13:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата Маршал Тито во Тетово, патничко моторно возило „ауди“ со косовски национални ознаки, управувано од Д.И. (26) од Косово, удрило во пешакот Д.М.(71) од село Раотинце, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Тетово“, соопшти полицијата.