ТИНЕЈЏЕРИ СЕ СУДРИЈА СО МОТОРИ НА РАСКРСНИЦА ВО ЧЕНТО Еден од мопедите удрил во паркиран камион

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишник од селото Стајковци, а со телесни повреди се здобиле неговиот сопатник и другиот мотоциклист Н.Х, соопшти полицијата.

2

Тинејџери се судрија со мотори на раскрсница во Ченто, соопшти полицијата.

Возачот и сово и другиот мотоциклистзачот на еден од моторите се повредени и се пренесени на лекување.






„На 7.8.2026 година во 22:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од улиците Маџари и Финска во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Х.(18) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки управуван од 17-годишник од селото Стајковци, Скопско. При несреќата било удрено и паркирано товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, а со телесни повреди се здобиле неговиот сопатник и другиот мотоциклист Н.Х., констатирани во Компексот клиники „Мајка Тереза“ и во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти полицијата.

 

Поврзани содржини