🎥 КЕЈТИ ПЕРИ ПЕЕ ВО ПРИШТИНА, ТРУДО СЛУША ВО ПУБЛИКА Го отвори фестивалот „Сани хил“ по покана од Дуа Липа

89

Пејачката Дуа Липа сподели моменти зад сцената на фестивалот „Сани Хил“ по првата вечер од настанот што се одржува во Приштина, а на кој главна ѕвезда беше американската пејачка Кејти Пери.

Пред илјадници обожаватели на сцена во знакот на вселената, Кејти Пери и нејзините танчари излегле во костуми како астронаути. Додека Кејти Пери ги изведувала своите најголеми хитови, членовите на танцовата група ѝ подале знаме на Косово, а таа го кренала високо пред публиката.







Најголемите поп-хитови биле отпеани заедно со публиката.

Дуа објави и серија фотографии на Инстаграм на кои се гледа атмосферата од првиот ден од фестивалот. Таа во описот на фотографиите напиша: „Кејти Пери нè однесе до Месечина, забавата продолжува“.

На една од фотографиите, таа се смее со Кејти зад сцената, додека на другите снимки се гледа како се дружи со пријателите и семејството додека ужива во фестивалската атмосфера.

На фестивалот беше и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо, кој е актуелен партнер на Пери.

Фестивалот „Сан Хил“, кој започна во 2018 година, го основаа Дуа Липа и нејзиниот татко Дукаѓин Липа преку Фондацијата „Сан Хил“, со цел да донесат светски познати изведувачи на Косово и да го промовираат пред меѓународната публика. Во претходните години, на фестивалот настапуваа големи имиња од светската музичка сцена, вклучувајќи ги Калвин Харис, Мајли Сајрус, Стормзи, Мартин Гарикс и Бурна Бој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KATY PERRY (@katyperry)

Поврзани содржини