🎥 РИТА ОРА ПРИРЕДИ СПЕКТАКЛ ВО ОХРИД Дојде за првпат, вети дека нема да биде последен

246

Светската музичка ѕвезда Рита Ора одржа спектакуларен концерт синоќа на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

Рита во Македонија допатува со својот сопруг, познатиот режисер Таика Ваитити. Дел од престојот го искористија за прошетка низ старото градско јадро, покрај охридското крајбрежје и најпознатите знаменитости.






Иако потекнува од семејство со корени од Косово, ова е нејзин прв настап во Охрид.

Заедно со Ора, на сцената настапија Senidah и 2Bona.

– Драго ми е што се вратив на Балканот. Ова ми е првпат во Охрид, но секако нема да биде последен – рече пејачката со косовско потекло, која е израсната во Лондон.

Ора ги испеа своите најголеми светски хитови, меѓу кои „Anywhere“, „Your Song“, „Let You Love Me“, „For You“ и други.

Атмосферата беше весела до крајот, а концертот помина без ниту еден инцидент и без етнички обележја.

Поврзани содржини