НИНА БАДРИЌ ОБЈАВИ СТАРА ФОТОГРАФИЈА СО МАЖОТ НА РИЈАНА „Го забележав пред тебе“

По концертот на А$AP Rocky во загрепската Арена, Нина Бадриќ се присети на нивната средба од пред неколку години и објави заедничка фотографија со американскиот рапер.

1

Хрватската пејачка Нина Бадриќ на Инстаграм сподели старо селфи на кое позира покрај А$AP Rocky, а фотографијата, како што објавија хрватските медиуми, била направена за време на Париска недела на модата. Бадриќ на шега се осврна на неговиот настап во Загреб.

– Слушам дека синоќа недостасувал само мојот дует со A$AP. Јас заглавив горе во хеликоптерот – напиша таа.






На крајот од објавата имаше и посебна порака за Ријана, долгогодишната партнерка на раперот.

– П.С. Ријана, го забележав пред тебе – напиша Бадриќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Шегата се однесуваше на спектакуларниот почеток на концертот на A$AP Rocky во Загреб. Раперот на сцената се спушти во конструкција во форма на хеликоптер, што беше еден од највпечатливите моменти од неговиот настап.

A$AP Rocky во Загреб настапи во рамки на турнејата „DON’T BE DUMB“. Покрај спектакуларната сценографија, во текот на концертот слегуваше и меѓу публиката, а ги изведе и познатите песни „Fashion Killa“, „Praise The Lord“ и „Sundress“.

Ријана и A$AP Rocky ја потврдија својата врска во 2020 година и денес имаат три деца. Токму затоа, пораката на Бадриќ до Ријана дополнително го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Поврзани содржини