📽️ СЕЛИН ДИОН ПАДНА НА СЦЕНАТА ВО ПАРИЗ Снимката од незгодниот момент на пејачката се прошири на социјалните мрежи
Селин Дион се лизна и падна на сцената за време на својот 11-ти концерт во Париз, но веднаш стана и продолжи да пее. Снимката од моментот се шири на социјалните мрежи.
Селин Дион доживеа непријатен момент за време на својот 11-ти концерт во Париз. Додека ја изведуваше песната „Dans un autre monde“, пејачката се лизна и падна на сцената.
Снимки од моментот се појавија на социјалните мрежи и брзо привлекоа внимание. На нив се гледа како Дион паѓа, но речиси веднаш станува и продолжува со песната, без да го прекине настапот.
Според канадскиот „Journal de Montréal“, кој се повикува на снимките од концертот, ништо не упатува на тоа дека пејачката се повредила. И други портали известуваат дека по падот продолжила со настапот без поголем прекин.
Нејзиниот париски концерт имаше уште еден мал непланиран момент. Францускиот магазин „Public“ објави дека Дион во еден дел од настапот ги заборавила стиховите на „Pour que tu m’aimes encore“.
View this post on Instagram
Падот се случи во период кога 58-годишната Дион повторно настапува во живо по долгата пауза поврзана со синдромот на вкочанета личност, ретко невролошко нарушување кое значително влијаеше врз нејзината способност да настапува.
Дион ја започна париската серија концерти на 12 септември во „Plenitude Arena“ во Нантер. Нејзиното враќање на сцената по повеќегодишната пауза предизвика големо внимание, а серијата концерти продолжува и во октомври.