НАЈМАЛКУ 86 МАРОКАНЦИ ЗАГИНАЛЕ НА ПАТ КОН СЕУТА Немале што да јадат, па се вратиле дома речиси 53.000 мигранти

110

Шпанските власти соопштија дека 53.000 од вкупно 60.000 мигранти кои влегоа во Сеута се вратиле во Мароко, но дека бројот на загинати се искачил на 86 лица, пренесе Скај њуз.

Некои од мигрантите кои пристигнале во Сеута им изјавиле на новинарите дека се мачеле да најдат храна и сместување, наведува „Скај њуз“.






Неколкумина од нив раскажале дека ноќта морале да ја поминат спиејќи во шумите околу градот, додека други пријавиле тепачки за храна. Еден од нив изјавил дека одлучил доброволно да се врати во Мароко токму поради таквите тешкотии.

Според наводите на официјалните лица, најмалку 86 лица загинале оваа недела обидувајќи се да преминат во Сеута, при што многумина од нив се удавиле.

Поврзани содржини