РЕЧИСИ 15.000 ЛУЃЕ ГИ ПОМИНАЛЕ ПРЕМИЕНИТЕ БОГОРОДИЦА И ДОЈРАН ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ Полицијата ги потврди гужвите на граничните премини
Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во изминатите 24 часа преку граничниот премин „Богородица“ излегле 11.905 лица, додека приближно ист број патници влегле во државата. На преминот „Дојран“ излегле околу 3.000 лица, а влегле околу 2.300.
Преку граничните премини „Дојран” и „Богородица” во изминатите 24 часа од земјава излегле речиси 15.ооо лица, а влегле 14.205 патници.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во изминатите 24 часа преку граничниот премин „Богородица“ излегле 11.905 лица, додека приближно ист број патници влегле во државата. На преминот „Дојран“ излегле околу 3.000 лица, а влегле околу 2.300.
– На граничниот премин „Богородица” од вчера од 12 часот до денес во истото време влез во државата оствариле 1.910 македонски државјани, а излез оствариле 6.884 граѓани. Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 8.863, а ја напуштиле нашата држава 5.021 лице. Додека на граничниот премин „Дојран” во истиот временски период влез во државата оствариле 461, а излез – 2.074 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани, во истиот период влез во нашата држава оствариле 1.847, а ја напуштиле нашата држава 995 лица- информираат од МВР.