СЀ ПОМАЛКУ АРБАЈТЕН ЗА СТРАНЦИ Кризата на пазарот на трудот во Германија се заострува
Експертите оценуваат дека главната причина за овој пад на отворени слободни работни места во Германија лежи во попесимистичките економски прогнози.Наглиот пораст на цените на енергијата, предизвикан од војната во Иран, го забави закрепнувањето на германската економија, поради што федералната влада ја намали прогнозата за раст на БДП за 2026 година на скромни 0,5%.
Ако немаш професија поврзана со здравството или не си општ работник во индустријата во овој период немаш шанса да се вработиш во Германија. Во вториот квартал од годинава понудата на слободни работни места во оваа земја се намали за 3,9%, додека во споредба со рекордната пролет 2022 година, достапни се дури 39% помалку работни места.
Ова го покажуваат податоците на порталот за вработување „Indeed“, според кој индексот на пазарот на трудот во Германија се намалил од 110 на 106 поени во периодот од април до јуни.
Од 38 анализирани занимања кои ги анализира порталот, раст е забележан само во шест – од кои три се во здравствениот сектор и сезоските вработувања на општи работници.
Во здравствениот сектор особено силен пораст на побарувачката за работна сила од 25,3% е забележан во стоматологијата каде што побарувачка за стоматолози забележа раст од 28,2%, стоматолошки асистенти (26,1%) и практиканти во оваа област (29%).
Висока побарувачка е забележана и во други здравствени сектори. Така побарувачката за терапевтски професии е зголемена за 3,6%- особено физиотерапевти (11,5%) и работни терапевти (7,9%).
Раст од 3,6% има и кај другите медицински занимања. Најголема побарувачка има за асистенти во операциона сала (23,6%), оптичари (21,7%), како и персонал за итна медицинска помош и болничари (19,2%).
Според порталот и покрај падот на обемот на слободни работни места, обемот на сезонските и летните работни места остана на минатогодишното ниво.
Поголемиот дел од огласите за сезонски работни места се однесуваат на производството и индустријата, што сочинува 17,7% од вкупната понуда. По нив следуваат продажбата со 15,4%, образованието и грижата за деца со 14,1 процент и складирањето, испораката и логистиката со 10,5 %. Канцелариските работни места сочинуваат само 2,3% од сите летни огласи.
Експертите оценуваат дека главната причина за овој пад на отворени слободни работни места во Германија лежи во попесимистичките економски прогнози.
Наглиот пораст на цените на енергијата, предизвикан од војната во Иран, го забави закрепнувањето на германската економија, поради што федералната влада ја намали прогнозата за раст на БДП за 2026 година на скромни 0,5%.
Покрај намалувањето на бројот на слободни работни места, аналитичарите предупредуваат и на забавување на растот на платите. До јуни, годишниот раст на номиналните плати во огласите за работа падна на 2,8%.
Поради скокот на стапката на инфлација во Германија на 2,9%, растот на реалните плати се лизна во негативната зона (од -0,1% на -0,3%).
Пред избувнувањето на конфликтот на Блискиот Исток, растот на реалните плати беше солиден од 1,7 %.
Експертите предвидуваат дека работниците во Германија ќе се борат за какво било реално зголемување на куповната моќ во наредните месеци.