РЕВОЛВЕРИ, ПУШКИ И БОМБИ ВО ОХРИД Полицијата уапси 37-годишник, пронајден арсенал во неговиот дом

Во акција на СВР Охрид во дом на 37-годишник пронајдени револвер, пушки, бомби и барут – лицето веднаш уапсено

341

Полицијата во Охрид уапси 37-годишен маж кај кого при претрес во домот бил откриен цел арсенал оружје, соопшти СВР Охрид.

Според информациите, на 17 јуни 2026 година околу 12:00 часот, криминалистичката полиција извршила претрес во домот на Д.А. (37) од Охрид, по претходно обезбедена судска наредба.






При претресот биле пронајдени и одземени еден револвер, две пушки, три рачни бомби, 22 куршуми со различен калибар, како и две најлонски ќеси со барут.

Лицето било веднаш лишено од слобода, а од полицијата информираат дека се работи за нелегално поседување оружје и експлозивни материи.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик, за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Поврзани содржини