ВМРО-ДПМНЕ СО НАРОДОТ, СДСМ СО УМИСЛЕНИ ЕЛИТИ Прославите на партиските родендени покажаа јасна разлика

Ние сме заедно со народот, а СДСМ бега од него, порача ВМРО-ДПМНЕ.

82

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е повеќе од јасна – ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот и заедно со граѓаните го одбележа 36-от роденден, партија која се бореше и донесе независност на татковината, направи многу проекти чиј бенефит го чувствуваат граѓаните и ја претставува државата исправено, гордо и достоинствено пред светот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Од друга страна ја имаме партијата СДСМ која е на маргините поради нивните лоши политики и односот кон граѓаните. Тие својот роденден го прославија во затворено, во дворот на Бихаќка, каде заедно со умислените елити на партијата, громогласно го поздравуваа аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговиот потрчко Венко Филипче“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






И сфаќаме дека се плашат и нема ниту збор од СДСМ за она што се актуелни теми, се додава во сооопштението.

„Уплашени и кукавички се кријат зад соопштенија додека Филипче шета низ светот.  Тоа е евидентната разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Ние сме заедно со народот, а тие бегаат од него“, порача ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини