ШТО Е ОВА, ЕВРОПСКИ ПАРЛАМЕНТ ИЛИ ИСТОРИСКА АКАДЕМИЈА? Македонија не е крива за нечии фрустрации за идентитетот!

Интерпретација на минатото! Што сме ние, историска академија или Европски парламент? Европската Унија е создадена за да можат народите заедно да ја градат иднината, а не за да издава сертификати за постоење на народи, вели европратеничката со македонско потекло Ирена Јовева осудувајќи го делот од Извештајот на Европската комисија во кој се спомнуваат заедничката историска комисија со Бугарија, вториот протокол со Бугарија и концептот „заедничка историја“.

979

Македонија не треба да ја плаќа цената за нечии политички фрустрации, вели словенечката европратеничка со македонско потекло Ирена Јовева за извештајот на Европската Комисија за Македонија.

Јовева вели дека не го поддржува тоа што во текстот се вклучени прашања за идентитетот, јазикот и историските толкувања и дека договорот треба да остане фокусиран на реформите, владеењето на правот и европскиот напредок на земјата.

Изјавата на Јовева доаѓа откако европратениците го изгласаа извештајот во кој се спомнува работата на Заедничката историска комисија меѓу Македонија и Бугарија и протоколите меѓу Македонија и Бугарија, како и концептот на „заедничка историја“, на што имаше бројни реакции во салата во Брисел.

Овој извештај мора да биде извештај за реформите и европската иднина на македонската држава, рече Јовева.

– Оваа земја не е одговорна за опсесијата на некои со нејзиниот јазик или идентитет. Македонците не треба да ја плаќаат цената за политичките фрустрации на другите. Искрено се прашувам: ако овие ‘други’ секој пат продолжуваат да зборуваат повеќе за Македонците отколку за содржината на европскиот напредок на земјава – кој навистина има проблем тука? Очигледно не Македонците. Туку оние што не можат ниту да напишат амандман без Македонци, а потоа ја вложуваат целата своја енергија во некакви објаснувања за тоа кој е кој – рече Јовева пред европратениците.

За неа ваквото однесување претставува необично хоби, пренесува МКД.- Интерпретација на минатото! Што сме ние, историска академија или Европски парламент? Европската Унија е создадена за да можат народите заедно да ја градат иднината, а не за да издава сертификати за постоење на народи. И секако не е создадена на старите национализми да им дава нова, да не кажам модерна европска сцена.

 






Таа додаде:

– Македонците немаат што да докажуваат. Меѓутоа, по сите овие години, некои други очигледно сè уште имаат. Денес, Македонците не се на испит. Европа е. Благодарам.

Јовева смета дека задачата на Европскиот парламент во овие извештаи е исклучиво да ги процени реформите и напредокот на земјите-кандидатки за влез во ЕУ и затоа таа ги отфрли поедноставените толкувања на денешното гласање.

– Нема да се согласам ни со наративот дека Бугарија победи денес, ни со наративот дека Европскиот парламент ја издал македонската држава. Би било грешка денешното гласање ако стане уште една алатка за создавање политички митови, победници и губитници. Ова не е натпревар меѓу земјите, а најмалку референдум за постоењето на Македонците. Не е. И оние што денес зборуваат за големи победи или големи порази всушност помагаат да се одржи спорот од кој политички живеат. Вистинското прашање не е кој победи денес. Вистинското прашање е дали ќе имаме храброст да го браниме принципот дека земјите-кандидатки се оценуваат според реформите, објективно, и дали Европа ќе остане верна на сопствените вредности. Јас им останувам верна. Затоа, уште еднаш: Македонците денес не беа на тест. Европа е – го заврши своето излагање Јовева.

Ирена Јовева е словенечка европратеничка од либералната група „Обнова на Европа“ (Renаew Europe). Родена е во Крањ, а нејзиното семејство потекнува од Македонија. Пред влезот во политиката работеше како телевизиска новинарка и водителка, а во Европскиот парламент е од 2019 година.

Европскиот извештај за Македонија, како што беше изгласан, во ставот 73, ја повикува Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања да постигне „јасни и опипливи резултати“, со тоа што ќе ја темели својата работа на „објективни, автентични и докажани историски извори и документи“, во согласност со Вториот протокол од Преговарачката рамка.

Амандманот на известувачот за извештајот, австрискиот европратеник Томас Вајц, со кој беше побарано да се избрише ставот 73 од идната резолуција, беше отфрлен. Против бришењето на текстот гласаа 338 пратеници, а 126 гласаа „за“.

Во жестоката дебата која претходеше, меѓу другите, збор зеде и португалскиот европратеник Антонио Танжер Кореја изјави дека ЕУ не треба да се меша во внатрешните работи на Македонија, алудирајќ на уставните измени.

И ПОРТУГАЛСКИОТ ИЗВЕСТУВАЧ ВО СЕНКА НА СТРАНАТА НА МАКЕДОНИЈА Унијата не смее да се меша во Уставот, тоа е вон критериумите

 

Поврзани содржини