ПОЛИЦИЈАТА ПУКАШЕ ВО ВОЗДУХ КАЈ БИТОЛА Не застанал на предупредувањата, фрлил торби и побегнал
При обид за запирање на лице меѓу Лажец и Граешница, полицијата испукала предупредувачки куршуми, а подоцна биле пронајдени три торби со марихуана.
Полициска акција кај Битола заврши со откриени 46 пакувања марихуана, откако непознато лице побегнало при обид да биде запрено од полициски службеници на патот меѓу селата Лажец и Граешница.
Настанот се случил на вчера година околу 18:45 часот, кога полициски службеници од СВР Битола, при извршување на службени дејствија, забележале лице кое не се придржувало на издадена наредба за запирање.
Според информациите, полицијата му дала усна команда да застане, но лицето не застанало. Во обид да биде запрено, еден од полициските службеници испукал три предупредувачки куршуми во воздух, по што лицето фрлило торба и побегнало од местото.
По извршено пребарување на теренот, полицијата пронашла три торби во кои имало вкупно 46 пакувања со марихуана.
Од СВР Битола информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и за идентификација на лицето.