ВО0 АЛБАНИЈА ЌЕ СЕ ВЛЕГУВА САМО СО ЕДНА ПРОВЕРКА Стартува системот „One Stop“ и со овој сосед

Системот ќе се воведе најпрво на граничниот премин Ќафасан, а потоа ќе биде проширен и на останатите гранични премини со Албанија.

103

Денеска Владата го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop“ со Република Албанија. Со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји на Република Северна Македонија кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и со Косово. За целосна финализација останува да се потпише договор меѓу двете министерства за внатрешни работи.

Системот ќе се воведе најпрво на граничниот премин Ќафасан, а потоа ќе биде проширен и на останатите гранични премини со Албанија. Ова ќе овозможи поедноставно, побрзо и побезбедно преминување на државната граница, особено во летниот период кога значително се зголемува фреквенцијата на патници и кога во минатото граѓаните често укажуваа на долгите чекања на граничните премини.






Потребата од вакво решение најдобро ја потврдува фреквенцијата на патници на граничните премини со Република Албанија. Во текот на 2025 година, на овие гранични премини биле регистрирани вкупно 4.581.724 патници, од кои дури 2.318.080 на граничниот премин Ќафасан. Овие бројки ја истакнуваат важноста од воведување на системот „One Stop Shop”, кој ќе овозможи побрз и поефикасен проток на патници и ќе придонесе за намалување на времето на чекање на границите.

Поврзани содржини