СЕ САНИРА МОСТОТ ЕСТАКАДА ВО ГАЗИ БАБА Тоа е еден од најфреквентните излези од Скопје

Градоначалникот Ѓорѓиевски најави дека Градот ќе продолжи со санација на сите мостови во градот каде што има потреба.

597

Почна санацијата на мостот естакада, кој е важна сообраќајна врска за Гази Баба и за цело Скопје, соопшти градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

– Денеска, заедно со мојот колега Бобан Стефковски, го означивме почетокот на санацијата на мостот естакада во Гази Баба, проект кој со години беше барање на илјадници жители и една од најважните сообраќајни точки во овој дел од градот. Овој мост има особено значење, затоа што се наоѓа на еден од најфреквентните излези од Скопје и претставува важна врска за граѓаните кои секојдневно се движат кон и од општините што гравитираат во овој дел. Тука минуваат работници, ученици, семејства, компании, транспорт и затоа нашата обврска е оваа сообраќајна артерија да биде безбедна, функционална и достоинствена – рече Ѓорѓиевски.






Санацијата опфаќа пристапни рампи на вкупна површина од 10.000 м², од кои 3.800 м² ќе бидат целосно обработени со гребење и вградување два нови слоја асфалт, додека на делот од мостот ќе се постави нов асфалтен слој. Ќе се изврши замена на рабници, изработка на асфалтни тротоари, чистење, санација и бојадисување на заштитната пешачка ограда, како и замена на постоечките капаци за шахти. Вкупната должина на делот што се санира изнесува 1,5 километри коловоз.

Градоначалникот Ѓорѓиевски најави дека Градот ќе продолжи со санација на сите мостови во градот каде што има потреба.

Мост-естакада (или само естакада) е специфичен вид долг мост составен од голем број столбови (распони), кој се користи за премостување на сувоземен терен, рамнини, мочуришта или густо населени градски средини, наместо за премостување на големи водни површини.

За разлика од класичниот мост, естакадата се гради за да подигне пат или железница над земјата, со цел да се избегнат вкрстувања, сообраќаен метеж или неповолен терен. 
Поврзани содржини