🎥 КОГА ПУБЛИКАТА НЕМА ДА ТЕ „ПОДДРЖИ“ Видеото од познатиот пејач како пропаѓа низ публиката стана вирално

Трикот со џиновска топка на раперот Акон тргна наопаку на концерт во Њукасл кога заедно со топката пропадна во публиката, а снимката брзо стана вирална.

124

Раперот Алијаун Тиам, попознат како Акон, ја шокираше публиката за време на неговата европска турнеја со необичен потег – влезе во џиновска проѕирна топка и се фрли во фановите за да „сурфа“ по публиката.

Сепак, еден таков обид во Њукасл не заврши како што беше планирано.
Наместо публиката да го држи во воздух, топката брзо падна на подот, а целиот момент брзо стана вирален на социјалните мрежи.

Снимките од концертот го покажуваат пејачот како скока во публиката, но поради мноштвото подигнати мобилни телефони, фановите не се во можност да ја држат топката.

Во еден момент, раперот рече: „Мора да ги кренете рацете ако сакате ова да функционира“.

@alishasmyth_

new ick unlocked #akon #neyo #newcastle

♬ original sound – Alishasmyth

Видеото предизвика поплава од реакции и коментари, а многумина се шегуваа, прашувајќи се дали мислел дека топката ќе го направи „бестежински“. Други забележале дека трикот можеби ќе функционирал доколку публиката не била повеќе фокусирана на снимањето отколку на самиот момент.

Акон моментално е на својата турнеја „Nights Like This“ заедно со Ne-Yo, изведувајќи ги нивните најголеми хитови како „Lonely“, „Smack That“, „So Sick“ и „Miss Independent“.

Турнејата продолжува низ Европа, завршувајќи кон крајот на мај пред да се пресели во САД и Канада.

Раперот Акон (53) се здоби со слава во 2004 година со својот прв албум „Trouble“, а голем дел од светот го пееше неговиот хит „Lonely“.
Само во првата недела, се продадоа 25.000 примероци, а подоцна 1,6 милиони примероци и достигна платински тираж. Тој ги освои топ листите низ целиот свет и е првиот музичар кој ги зазеде првите две места на листата на Billboard Hot 100. Неколку песни стекнаа платински статус, а дури 10 златен во дигиталната продажба. Влезе во Гинисовата книга на рекорди како најпродаван музичар во светот за рингтон за мобилен телефон.

Неговиот втор албум „Konvicted“ од 2006 година исто така беше голем успех, но не го надмина неговиот деби албум. Неговите песни „Smack That“ и „I Wanna Love You“ станаа хитови.

Инаку, музичарот е познат по тоа што ја поддржува полигамијата и верува дека секој маж треба да има толку жени колку што може да си дозволи.

– Сите Африканци веруваат во тоа. Мојот татко има четири жени – рекол тој. Подоцна се пожалил дека светот воопшто не е слободен затоа што бил осудуван поради неговите верувања. Според извештаите, Акон моментално е во својот четврти брак, а неговата поранешна свршеница, моделот Рејчел Ритфелд, изјави дека била шокирана кога дознала за неговиот семеен живот.

 

Поврзани содржини